Гросжан: Два пати бев на подиум со скршена рака

Роман Гросжан откри дека рацете сеуште не му се целосно заздравени, но дека тестирањето на Индикар не му е проблем бидејќи два пати до сега бил на подиум со скршена лева дланка.

Французинот имаше тешки изгореници на дланките по инцидентот во Бахреин откако неговиот Хаас силно удри во заштитната ограда, се подели на два дела и се запали. 

Тој за 28 секунди излезе од болидот и две трки пред време ја заврши својата Формула 1 кариера. Оваа година тој оди во Индикар каде ќе се натпреварува на сите трки освен на овалните патеки. 

Не треба да го кажам ова, но до сега сум бил на подиум со скршена дланка. Болката ја снемува кога се тркате. Сум возел со скршена дланка и кога сум на подиум тоа е ок.

Левата дланка ми е изгорена, но работи добро. Левиот лигамент ми е истегнат и имав операција и сега сум ок.

Првиот тест е на 22 февруари. Можеби нема да сум на 100 проценти, но возам доволно добро. До првата трка ќе сум целосно подготвен – најави гросжан. 

34-годишниот возач изјави дека левата рака му е повеќе изгорена од десната и дека сеуште не му е вратена во полна сила. 

Првиот проблем беше поради лигаментот на левиот палец за кој треба време да заздрави, Но ги следам правилата на докторот, кој е специјалист од Женева, и му верувам. Тој ми кажува кога сум подготвен, а кога не.

Мислам дека е важно да знае до каде е лимитот. Тој е сигурен дека лигаментот е добар. Се будам наутро и дланката е здрвена, Подоцна ставам крем и се раздвижува – опиша возачот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ