Гросжан изненаден од новиот менаџмент на Алпин

Роман Гросжан е изненаден од новините во менаџментот на Алпин Ф1 поради доаѓањето на италијанецот ос Сузуки, Давид Бривио.

Французинот, кој оваа сезона ќе се трка во во Индикар, беше јуниор на Рено и неколку пати возеше за тимот. Тој се тркаше под името Лотус со кој стигна до осум подиуми. 

Сепак, Роман остана во контакт со персоналот иако се префрли во Хаас и сега е заинтересиран како тимот ќе продолжи. По големите промени со заминувањето на Сирил Абитебул, Гросжан е оптимист дека нешто големо следува. Доаѓањето на Бривио покрај Марцин Будковски е позитивно за тимот. 

Ги следев промените и бев изненаден.

Малку знам за Бривио иако сум Голем фан на МотоГП и видов како стигнаа до титулата. Тој многу добро ги познава трките.

Се надевам дека доаѓањето во алпин е добар потег. Тоа што Марцин ќе води се во фабриката е одлично. Им посакувам се најдобро.

Поминав 10 години со Рено. Им посакувам се најдобро и се надевам ќе продолжат со успесите – посака гросжан на екипата од енстоун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ