Гросжан сака да вози Дакар и Ле Ман

Роман Гросжан откри дека нема намера да се враќа во Формула 1 и сака да се проба во други тркачки серии, пред се релито Дакар и престижниот Ле Ман.

Французинот ја заврши прерано својата Формула 1 тркачка кариера лани откако имаше тежок судар и не успеа да ги комплетира последните две трки за Хаас. Многумина очекуваа тој да се повлее од тркањето по толку страшнио судар, но напротив, тој се подготвува за својата прва сезона во американски Индикар.

по несреќата не бев сигурен дали сакав да продолжам да се тркам или не, но сега сум сигурен дека сакам. прашањето веќе е решено, а сопругата и децата ме поддржуваат во изборот – откри роман.

Сепак, враќање во Формула 1 не е неговиот план во периодот кој следува.

ја сакам формула 1, сеуште е моја страст, нетрпелив сум на почетокот од сезоната која ќе ја гледам на телевизија. бев дел од спортот 10 години и многу се забавував и не би променил ништо од тој дел во мојата кариера. и се вратил во спортот само ако имам шанса д победувам затоа што ако не сте во најсилниот болид нема никаква шанса. има многу други можности во моторспуортот кои во моментов ми изгледаат одлично.

Французинот сепак има неколку познати настани на ум. Тој се тркаше на престижниот 24 часа Ле Ман пред 10-тина години, но не успеа да ја заврши трката и поради тоа сака нова шанса, но сонува и за Дакар.

се тркав на ле ман пред 2010 година, но сакам да се вратам таму наскоро. следната година ќе биде голема и важна за ендјуранс тркањето, многу производители ќе се вклучат како порше, пежо, ауди и акура.

сакам да победувам на трки, не сакам само да учествувам. морам да возам и на дакар релито барем еднаш, навистина го сакам тоа, тоа е огромна авантура повеќе одошто е трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ