Гросжан среќен со првиот тест на Индикар

Поранешниот Формула 1 возач на Хаас, французинот Роман Гросжан, уживал на првиот тест во американски Индикар. 

Тој се врати зад воланот на болид за прв пат по страшниот судар во Бахреин на крајот од минатата сезона кога заврши со изгореници на рацете. Сега тој влегува во болидот на Дејл Којн Рејсинг Далара да се испроба во Индикар. 

Се чувствував доста нормално. Различен е болидот и различна е позицијата, но сепак е одлично и нормално. Треба да се навикнам на новиот болид, Но ова е исто како премин од Формула Рено кон Формула 3 или ГП2.

Навистина сум задоволен со ова. Грипот е навистина добар. Сега разбирам зошто толку добро се тркаат. Тимот функционира одлично, Различно е и среќен сум. Се обидувам да се адаптирам, Но мислам дека со повеќе тест ќе се спремам подобро – најави роман.

Сезоната на Гросжан ќе биде на 12 улични трки во Индикар. Тој е среќен со првиот тест и подготвен да го сноси физичниот притисок на болидот кој нема серво управување. 

Започнав да ги тренирам рацете и на почетокот беше болно, Но навистина се чувствува болидот. Мислам дека треба да се провози за да сфатиш на кој начин функционира. Се вози по различни линии за разлика од Формула 1.

Направив грешка и се извртев на почетокот на тестот бидејќи бев надвор од лимитот на патеката. 

Французинот Себастијан Бордо беше меѓу првите кои му посакаа добредојде на Гросжан во ИндиКар. 

Кога дојдов вчера бев изненаден што ме пречекаа. Се беше надвор и подготвени а не како во Формула 1 со затворени гаражи или шатори. Навистина ми се допадна тоа. Зборував со Себастијан Бордо и Такума Сато кои ме пречекаа. 

Сезоната во Индикар почнува на 18 Април. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ