Гросжан ќе вози за Дејл Којн во Индикар

Поранешниот Формула 1 возач, французинот Роман Гросжан, ќе се трка во Индикар оваа сезона откако склучи договор со Дејл Којн Рејсинг.

Веќе некое време се шпекулира дека французинит ќе ја продолжи својата кариера во американската серија откако минатата годин не доби продолжување на договорот од својата екипа, Хаас. Ветеранот ќе се трка во Индикар со бројот 51 откако изрази желба да продолжи да се трка и покрај страшната несреќа која ја имаше за време на Големата награда на Бахреин во Ноември во која се здоби со силни изгореници на рацете и ги пропушти последните две трки од сезоната.

ГП2 првакот од 2011 година најави дека поради поголемата опасност и стравот по сударот во Бахреин, нема да се трка на овалните патеки кои се далеку пострашни.

многу сум возбуден за оваа можност да се тркам во америка во нтт индикар серијата. имав опции пред мене за оваа сезона, а индикар беше дефинитивно мој фаворит, иако сеуште не сум подготвен да се тркам на овали.

индикар е многу поеднаква серија одошто формула 1 каде с етркав минатите десет години така што сум нетрпелив на подиуми и победи кои се надевам дека ќе следуваат. мојата лева рака брзо заздравува и подготвен сум да се вратам во болидот и да почнам ново поглавје во мојата тркачка кариера – потврди гросжан.

Роман ќе добие само неколку денови тестирање пред првата трка од шампионатот и тоа на Брбер Моторспорт ПАрк на 18 Април, така што со толку ограничено време, мора брзо да се прилагоди на екипата. Дебитанти претсојнава сезона во американската ќе му биде уште еден талентиран дебитант, седумкратниот Наскар шампион, Џими Џонсон како и тркратнот првак во Австралиски Суперкар, Скот Меклалин.

веќе некое време се договараме со роман, дури и пред неговиот судар во бахреин. покажа интерес за индикар серијата минатите неколку месеци и ние сме среќни што одбра да ја продолжи кариерата со нас, задоволни што можеме да му посакаме добредојде на возач со такво педигре во америка. знаеме дека ќе биде сила на која треба сериозно да се смета во серијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ