Гросжан ќе вози за Ламборџини во WEC од 2024

Поранешниот Формула 1 возач Роман Гросжан ќе се трка со новиот прототип LMDh на Ламборџини од 2024 година.

Ветеранот со 179 стартови во Ф1 ќе се приклучи на списокот на возачи на италијанскиот производител за следната година и ќе игра клучна улога во развојот за Светскиот Шампионат за Издржливост (WEC) на ФИА како и за IMSA WeatherTech SportsCar, серијата а воедно ќе биде дел и од ограничена програма на ГТ настани со фабричкиот тим Iron Lynx.

Гросжан ќе го тестира LMDh и ќе се појави зад воланот на Iron Lynx Ламборџини Хуракан ГТЕ ЕВО2 во 2023 година покрај уште една сезона во ИндиКар со Андрети Аутоспорт.

Гросжан, кој стана третиот возач потврден за програмата LMDh по Мирко Бортолоти и Андреа Калдарели, потоа ќе се пресели на тркачко место во LMDh во 2024 кога Iron Lynx ќе стави еден од новите автомобили во секоја од WEC и IMSA сериите во соработка со сестринскиот тим Prema Engineering.

Тој ќе го направи своето деби за Ламборџини со Iron Lynx на Ролекс 24 Часа следниот месец на отворањето на серијата IMSA во Дејтона, во класата ГТ Дејтона Про со Бортолоти и Калдарели и се очекува да се натпреварува во трката Себринг 12 Часа и Петит Ле Ман на патеката Роуд Атланта во Март и Октомври.

Ламборџини досега не откри дали Гросжан ќе се трка во WEC или IMSA или и двете во LMDh.

Грожан изјави:

За мене е неверојатно да се претставува Ламборџини, особено сега кога оваа серија станува категорија со толку многу производители.

Преговорите што ме наведоа да потпишам со Ламборџини беа многу брзи: еден телефонски повик со Џорџо Сана (шефот на Lamborghini Squadra Corse), две или три електронски пошти и се договоривме за сè.

Со оглед на тоа што Ламборџини е толку успешен бренд, се надевам дека ќе успееме заедно во иднина.

Сана го опиша Гросжан како возач со огромно искуство во различни категории.

Тој објасни дека новото потпишување ќе додаде голема вредност на нивната програма ГТ3, но уште поважно е развојот на нивниот автомобил LMDh.

Гросжан објасни дека ГТ програмата во Северна Америка ќе му помогне да се подготви за трки со LMDh во 2024.

Искуството со Хуракан ќе ми послужи да стекнам искуство и да ја разберам издржливоста – рече Гросжан.

Го знам Ле Ман, ја знам Спа, но не ги знам Дејтона, Себринг и Петит Ле Ман. Ќе биде важно да се започне на овој начин, да се изгради односот со тимот и моите тимски колеги.

Ламборџини LMDh развиен во соработка со Ligier Automotive треба да се појави за прв пат следната пролет.

Програмата ГТ на Iron Lynx следната година со Хуракан ќе ги вклучи четирите ендуро IMSA трки во Дејтона, Себринг, Воткинс Глен и Роуд Атланта и како и GT World Challenge Europe Endurance купот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ