Гросжан ќе оди на операција по сударот во Бахреин

Роман Гросжан откри дека ќе оди на операција на неговата лева рака по ужасниот судар на трката во Бахреин.

Французинот имаше неверојатно спасување откако неговиот болид помина низ заштитната бариера по контакт со Даниил Квјат, удри во бариерата со 221 кмч, по што болидот се раздели на два дела, а потоа следеше и огромен пожар.

За среќа, освен некои мали изгореници, 34-годишниот возач помина без повреди, иако мораше да ги испушти последните две трки во последната сезона за него со Хаас.

Скоро нормално функционирам со десната рака. Единствен проблем е големата болка на ниска температура. Со левата рака, имаме мали подобрувања секој ден. Добро е што нема да имам пресадување на кожа, а и малиот прст е надвор од преврска.

Ќе мора да одам на операција неделава бидејќи лигамент на палецот е искинат и ќе значи имобилизација на палецот од 4 до 6 недели. Освен тоа, се пошегував со моите пријатели дека нема да бидам модел за раце, но искрено ништо не се споредува со тоа што се случи во несреќата – откри роман.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ