Данците бараат алтернатива за Копенхаген

Обидот на Данска да добие своја Формула 1 трка се базира на изнаоѓање на алтернатива за Копенхаген откако градот и формално ги затвори вратите за таков настан минатиот месец.

Поранешниот владин министер, Хелге Сандер, беше предводник на тимот кој истражуваше и планираше како да ја смести земјата на Формула 1 календарот. Тој наиде на поддршка од актуелни владими министри, но и од Ларс Сеиер Кристенсен, кој преку својата Саксо Банк беше спонзор на Лотус. Одржани биле неколку состаноци со челниците на тркачката серија, но градоначалникот на Копенхаген го отфрли проектот, не сакајќи да допринесе финансиски во буџетот на трката.

Според данската новинска агенција Ritzau и весникот The Local, Сандер открил дека сеуште постои интерес за Гранд При трка, но истата би се одржала на друго место.

позитивните вибрации околу Формула 1 во данска сеуште постојат и другите региони позитивно реагираат. копенхаген не е во игра, но дотолку интересен проект се појави на исто место во земјата и нормално е да се обидеме да најдеме одржливост и економичност.

веста од градоначалникот многу не шокираше, но мораме да го прифатиме тоа во моментов дека формула 1 трка во копенхаген нема да може да се организира, иако по изјавата на градоначалникот примивме многу охрабрувачки пораки.

Јан Магнусен, таткото на Кевин, требаше да даде совети при создавање на патеката која требаше да ја креира Херман Тилке и истата беше планирано да минува пред најзначајните знаменитости на градот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ