Копенхаген тешко дека ќе финансира трка

Не е тајна дека Формула 1 сака да се шири во големите градови, но истите треба да надминат проблеми со финансирање на една толку скапа организација на трка. Шпекулациите велат дека ФОМ ќе ги подели трошоците за организација на трка во Мајами со градот, но ќе ги дели и профитите, а Копенхаген се надева дека ќе може да ја искористи истата формула.

По состанокот помеѓу Министерот за финансии на Данска, Кристиан Јенсен и Градоначалникот на Копенхаген, Франк Јенсен, договор за финансирање на трка не бил постигнат.

Владата е подготвена да вложи пари во организација на Формула 1 трка во Данска, но верувам дека градот во кој ќе се одржува толку голем настан нема и самиот економски и финансиски придонес во организација на истиот – појасни Министерот во својатра изјава за Politiken.

Тој појасни дека други региони како Оденсе, Хернинг и Хорсенс  самите вложувале значајни финансиски средства за да обезбедат спорски настани на својата територија.

Бараме од градовите и самите да превземат дел од финансирањето на големи спортски настани. Фер е и Општината опенхаген да го стори истото.

Но, не се само финансиите проблем затоа што дел од партиите, особено оние еколошки настроените, не сакаат организација на таков настан низ главниот град.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ