Копенхаген се откажа од трка

Данска ги напушти плановите за организација на Формула 1 трка во главниот град Копенхаген, откри Министерот за финансии на државата, Кристан Јенсен.

Плановите беа да се организира трка во центарот на главниот град од 2020 година, но немаше доволна поддшка од градските власти.

Не можеме да учествуваме во проект кој носи толку многу ризик во себе. Јас бев отворен кон целата работа, но сватив дека се очекува многу голем финансиски придонес од државата.

Владата беше подготвена да учествував и парично да ја помогне организацијата на Формула 1 трката во Данска, но сметаме дека е разумно и градот каде ќе се одржува толку голем настан исто така економски да придонесе – смета Министерот Јансен.

Идејата за Гранд При во Копенхаген беше предложена во Јули 2016 година од страна на Конзорциум предводен од данскиот бизнисмен Ларс Сеиер Кристенсен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ