Данците веќе планираат трка за Копенхаген

Според медиумите во Данска, плановите за организација на градска трка во Копенхаген веќе напредуваат. Во Септември се зборуваше дека Дански конзорциум почнал преговори со сопственикот на комерцијалните права во Формула 1 околу организација на првата трка во таа земја.

Потоа, данскиот политичар и промотер на трки, Хелге Сандер, беше присутен во падокот во Абу Даби на дополнителни и потемелни преговори со Либерти Медиа.

Данскиот весник Ekstra Bladet пренесува дека Чејс Кери планира во Јануари да го посети главниот град на земјата и да се сретне со Франк Јенсен, Градоначалникот на Копенхаген.

Во исто време, Кери бил силно заинтересиран и Германија да остане перманентно во спортот по 2018 година кога истекува договорот на Нирбургринг и Хокенјахм, пренесува телевизијата SWR. Со Нирбургринг се преговара за трка во 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ