Де Врис призна дека силните страни му се најголем проблем

Во пресрет на својата прва Формула 1 сезона, новиот возач на АлфаТаури, Ник де Врис, се осврна на своите силни страни, но и на своите слабости.

Тој физички и ментално се подготвува со својот нов тренер и посочи дека подготовките за Формула 1 се како ништо претходно.

мислам дека мојата најсилна страна во исто време е и моја најголема слабост. да се менаџираат силните страни, но во исто време да не се претера е нешто што го научив низ годините. јасно е дека треба да се превзема ризик и очигледно е дека некогаш ќе се погреши, но менаџирањето е најголем предизвик како и минимизирањето на грешките – свесен е холанѓанецот.

Во однос на тоа што точно се неговите силни страни и слабости, тој појасни:

мојата посветеност и решителност, но и мојот перфекционизам се моја силна страна. но, во исто време се и моја најголема слабост затоа што ако претерам, губам фокус и се губам во деталите. штом не можете да се фокусирате, ја парализирате својата интуиција, својот талент и своите чувства.

тркањето во многу се базира на чувство и интуиција, така што кога сте во болидот умот мора да ви биде слободен. ако сте премногу опуштен или ако сакате премногу, претерувате и премногу размислувате и тогаш чувствата се парализираат и страдаат перформансите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ