Де ла Роса: Искреноста е најдобар начин за Астон да се справи со Алонсо

Педро де ла Роса стана Амбасадор на Астон Мартин Формула 1 тимот, ќе биде задолжен за маркетинг и комерцијалните активности како и програмата за млади возачи, а има и големо искуство во Формула 1 и како колега на Фернандо Алонсо.

Шпанецот верува дека најдобар начин за Астон Мартин да се справат со карактерот на неговиот сонародник е да бидат искрени со него при било каков проблем.

Фернандо има репутација во Формула 1 дека е многу тежок за соработка, но де ла Роса има искуство со него од времето додека беше дел од Мекларен и Ферари и сигурен е дека тимот нема да има никаков проблем со него.

не мислам дека фернандо е тежок за соработка, тој е уникатен и многу искрен. фактот дека англискиот не му мајчин јазик понекогаш го прави да звучи многу строго кога се обидува д ги опиша работите, но многу е искрен.

она што го кажува за болидот и тимот е тоа што го чувствува и сето тоа е за да биде колку што може поконкурентен. се додека му кажувате точно се што се случува, се додека му ја кажувате вистината, нема да имате проблеми со него.

но, кога ќе се обидете да скриете некаква информација од него која чувствува дека треба да ја има, тогаш почнуваат проблемите. тој е многу конкурентен човек, таква е реалноста и ако сте исто со него, тогаш проблеми со фернандо нема да имате – откри де ла роса.

Фернандо е 32-кратен победник на трка и потпиша двегодишен договор со Астон Мартин кој ќе го задржи во тимот додека не наполни 42 години, до крајот на 2024 година. Иако нема победа на трка од Шпанското Гранд При во 2013 година и само еден подиум, оној во Катар лани, де ла Роса не смета дека сонародникот му загубил мотивација.

секогаш сум велел дека има тројца возачи во формула 1 кои се посебни и не сакам да кажам кои се, но фернандо е дел од тие. секогаш велев дека тој е еден од најдобрите во историјата на спортот и кога го кажував тоа пред неколку години, сите мислеа дека сум луд.

но, сеуште сум луд затоа што сметам дека тој е посебен, силно е мотивиран што исто така е многу важен дел од животот на еден формула 1 возач особено кога има 40 години. јас се тркав кога имав 40 години и знам некои работи многу добро.

поради сето тоа сметам дека фернандо пристигнува во астон мартин носејќи огромен талент на врвот со своите перформанси. тој има мирен живот и тркањето е се за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ