Де ла Роса очекува титула од Алонсо

Враќањето на Фернандо Алонсо ја зголемува врската на Шпанија со Формула 1 и според многумина, тој е подготвен да ја освои третата титула. 

Ова се зборовите на Педро де ла Роса, кој е поранешен ривал и колега на Алонсо во Мекларен и Ферари. Алонсо помина две година надвор од Формула 1 и сега ќе вози за ребрендираниот фабрички тим на Рено кој сега ќе се вика Алпин. 

Рено беше тимот со кој шпанецот дојде до две титули и тоа  во 2005 и 2006 година. Иако нема да биде лесно да дојде до подиум оваа сезона, тој се надева дека со новите правила тимот ќе биде поблизу до целта и ќе ја намали разликата со Мерцедес. 

Тој е заљубен во Формула 1. Последните неколку години кога беше надвор од спортот му помогнаа да сфати колку ја цени Формула 1.

Неговото враќање е многу позитивно за спортот и не само за него. Тој може да стане шампион. Неговото доаѓање прави возбуда и тажно е што ја немаше пред да се врати. Луѓето не беа заинтересирани бидејжи тој не победуваше. 

Алонсо има реални амбиции и изјави дека би сакал да биде на подиум покрај Саинз.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ