Де ла Роса смета дека Алонсо ќе освои 3та титула

Откако официјално потврди дека ќе се врати на Формула 1 гридот, Фернандо Алонсо негира дека има шанса да победува на трка, а уште помалку да освои титула на своите 39 години со кои ќе биде еден од најстарите на гридот.

Но, неговиот сонародник и поранешен Формула 1 возач на Мекларен, Педро де ла Роса, смета дека Нандо има шанса да ја освои својата 3та шампионска титула во кариерата.

фернандо ја сака формула 1, а последните неколку години додека беше надвор од формула 1 го научија да го цени спортот, така што неговото враќање е многу позитивно за двете страни – изјави де ла роса во документарец на movistar посветен на враќањето на шпанецот на гридот.

Тој дополни и дека интересот за спортот во Шпанија опаднал откако Фернандо се повлекол на крајот од 2018 година, но враќањето почнало повторно да создава возбуда за втор шпанец на гридот по Карлос Саинз.

тој може да освои уште една титула и тоа создава многу возбуда. луѓето не беа заинтересирани за формула 1 затоа што немаше шпанец кој може да победува.

Неодамна починатиот Адриан Кампос, беше човекот кој беше ментор на Алонсо при неговито влез во Формула 1, а во својата изјава во документарецот вели:

тој минува 25 часови дневно размислувајќи како може да победи на формула 1 трка и ако има болид кој е барем меѓу 5те најдобри, може редовно да биде на подиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ