Доколку Строл не вози, Другович е изборот на Астон за Бахреин

Од Астон Мартин најавија дека Фелипе Другович ќе вози во Бахреин, единствено доколку Ленс Строн не може да вози поради повредата на зглобот и раката. 

Тимот најави дека ќе му ја дадат секоја шанса на Строл и до последен момент нема да донесат одлука за тоа кој ќе вози, а објаснија дека првиот чекор е канаѓанецот да вози во симулаторот за да се врати во форма. 

Тимот ќе продолжи да работи со Ленс, но се зависи од неговата повреда. Доколку не е во можност, ќе возиме со Фелипе покрај Фернандо – откри мајк крак, тимскиот шеф.

Тој е задоволен од перформансите на Другович од тестот. 

Фелипе заврши одлична работа. Мислам дека не треба да заборавиме дека се ова е ново за него. Тој никогаш не го возел болидот, Но е доста смирен и има добар пристап. Изненаден сум колку е смирен бидејќи е бразилец. Првиот ден беше мирен и се беше без проблем. 

Алонсо го пофали Другович, но е загрижен дека има многу малку километри во новиот болид. 

Дури и за мене ова се малку километри, но не можам да замислам како му е на Фелипе. Тој е суперталентиран и Се адаптираше брзо. Доколку се трка, тоа ќе биде добра работа. 

Крак не е сигурен дали Строл ќе отсуствува само една трка и да се случи истото како и минатата сезона со Фетел кој не возеше на првите две трки. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ