Доменикали бара трки во Африка

Шефовите на Формула 1 разговараат со промотори за враќање на спортот во Африка, додека плановите за втора трка во САД исто така се во тек.

Планирањето на календарот за сезоните 2020 и претстојната 2021 година беше построго од кога било, со оглед на пандемијата. Формула 1 минатата година имаше голема операција за да започне сезоната со намален календар од 17 трки, додека новата сезона која ќе започне во Март треба да се организираат рекордни 23 трки.

Новиот извршен директор на спортот, Стефано Доменикали, зборуваше на својата прва прес-конференција откако ја презеде својата нова улога за потенцијалните места за следните години и се чини дека сака да се врати во Африка.

Формула 1 не го посетила континентот скоро 30 години. Последната трка што се одржа во Јужна Африка беше во 1993 година на патеката Киалами. Тоа би можело да се случи бидејќи промоторите и од Северна и од Јужна Африка беа во контакт околу можностите да бидат домаќини на идните трки.

Ова е нешто што е многу важно, мислам дека во смисла да се има ново место или старо место со големо минато во Формула 1. Нешто што е на дневен ред веќе некое време е додавање трка во Мајами, покрај постојната Голема награда на САД во Тексас, но пандемијата се покажа како пречка и реакцијата од локалните политичари и жители.

Доменикали повтори дека сепак се обидуваат да го направат тоа успешно.

Нашата стратегија во иднина ќе биде да бидеме поприсутни во САД со повеќе од една трка. Остин беше многу важен во последните години од нашиот календар. Ќе биде и во иднина и со нив разговараме за обновување на договорот И секако, Мајами е место каде бараме трка. Не можам да кажам повеќе од тоа, Но сигурно постои голем интерес од двете страни да бидеме таму .

Доменикали го остави Виетнам како отворена опција за во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ