Занзибар е нов кандидат за Африканско Гранд При

Од неодамна Формула 1 е во комуникација со Занзибар кои се потенцијален канддат за организација на Африканското Гранд При.

Според италијански медиум, инвестициите од соодветниот орган за промоција во Занзибар ќе биде околу 500 милиони евра, а целта е да се изгради целосно нова патека. Трката се очекува да донесе многу туристи на островот на истокот од Занзибар, источно од Танзанија во Индискиот Океан. Трката веќе добива и согласност од Владата во Танзанија.

воодушевени сме и почестени што неговата екселенција, претседателот на занзибар сака да го донесе моторспортот во занзибар. ќе биде многу важна работа, не за трката, туку за тоа што ќе и го донесе на африка и на занзибар во однос на туризмот и услугите.

Во моментов, Африка е единствениот континент на планетата кој нема Формула 1 трката, така што веста дека Занзибар е заинтересиран за организација е одлична. Патеката треба да биде готова за 4 до 6 години, долга 7 километри, со што би била една од најдолгите патеки во календарот. Крај патеката планирано е да се изгради модерна картинг патека и воден парк, како и хотели.

Во Африка нема Формула 1 трка од 1993 година кога Алан Прост победи во Кијалани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ