Епстин: Доколку победи американец, може да имаме 3-4 трки во САД

Шефот на КОТА, Боби Епстин, смета дека доколку американски возач победува во Формула 1, спортот може да имаа три или четири трки во Америка.

Се погласни се шпекулациите околу организирање на трета трка во Америка во наредните години додека наредната во 2022 се приклучува Мајами во календарот. Се зборува дека Лас Вегас може да е дестинацијата, а познатиот Мајкл Андрети сака да купи мнозински дел акции во Алфа Ромео.

Со доаѓањето на Андрети, може да го видиме и Колтон Херта во тимот доколку ги освои поените за супер лиценца бидејќи второто место во тимот е слободно.

Мислам дека со победник американец може да имаме повеќе трки. Возбуден сум од можноста да имаме уште еден американски тим, Но тоа не гарантира публика бидејќи тука се Хаас и Стаинер и имаат одличен продукт. Потребен е американски шампион – смета епстеин.

Американецот предупредува дека не е потребно само тим колку да учествува на гридот бидејќи ефектот е краткотраен.

Мислам дека мора да се дојде за да се победи во спротивно нема да се исполнат очекувањата.

Американскиот сопственик на тркачката серија, Либерти Медиа, сака да инвестира во нивна возачка програма за што Епстеин е сигурен дека е вистинска одлука.

Можеби е подолготрајна ризична инвестиција. Мора да одлучат акционерите што е најдобро. Многу од момците што се шампиони започнале од картинг уште од најмали години. Тоа е многу долг процес на развој и затоа е тешко да се донесе одлука.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ