ЕСПН повторно руши рекорди

Американски ЕСПН објави дека нивните Формула 1 преноси повторно рушат рекорди и на Големата награда на Германија.

Во втората сезона откако телевизијата ги обезбеди правата за пренос на спортот гледаноста непрестано расте, а истото се случи и викендот кој е зад нас. Споредено со првите 11 трки лани, оваа година гледаноста е поголема на осум од нив, а гледаноста на Гранд При викендите расте со двоцифрени проценти.

Германското Гранд При имало просек од 688 илјади гледачи на ЕСПН, најголема бројка за гледаност на пренос во живо преку кабелска телевизија и тоа е 27% зголемување во однос на ланскиот пренос од 543 илјади гледачи кој одеше во живо на ЕСПН2. Помешу 10.45 и 11 наутро по источно време, преносот го следеле дури 839.310 гледаче во она што многумина ја опишуваат како најинтересна трка сезонава.

Првите 11 трки просечно ги следат 679 илјади гледачи што е зголемување од 19% во однос на ланските 571 илјада и 21% зголемување во однос на 561 илјада гледачи на НБЦ во 2017 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ