ЕСПН продолжува да руши рекорди

Преносот во живо од Големата награда на Мексико на американски ЕСПН донесе најголем гледаност од враќањето на трката по Ерманос Родригез на Формула 1 календарот во 2015 година, уште еден рекорд поставен од страна на американската телевизија за која се чини Формула 1 правата се полн погодок.

Просечната гледаност изнесуваше 850 илјади гледачи што е пораст од 11% во однос на ланските 769 илјади гледачи и пораст од 3% во однос на 826 илјади гледачи во 2017 година кога преносите беа на НБЦ. Кога Луис Хамилтон стигна до својата 10та победа во сезоната преносот достигна кулминација со 1.014.168 гледачи.

Гледаноста на Мексиканското Гранд При беше трета најголема на ЕСПН годинава по онаа од трката во Канада со просек од 1,1 милиони гледачи и легендарното Монте Карло кое привлече 908 илјади гледачи во просек.

Сите 18 трки сезонава бележат просечна гледаност од 671 илјади гледачи што е пораст од 19% во однос на 561 илјада гледачи лани и 24% пораст во однос од 2017 година кога преностите одеа на НБЦ.

Само три од извозените 18 трки оваа сезона немаа пораст на гледаноста во однос на лани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ