Жу Гуанју бара промени на Спа: Загубив пријател во тој свиок

По смртта на младиот возач Дилано ван ‘т Хоф на Спа претходно овој месец, Жу Гуанју се приклучи на редица клучни фигури во Ф1 за да укаже дека треба да се направат промени на патеката во Белгија.

Жу Гуанју вели дека распоредот на патеката Спа Франкошамп треба да се промени, по смртта на Дилано ван ‘т Хоф на регионалниот настан на европската Формула на 1 Јули.

18 годишникот го загуби животот по судир на повеќе болиди во влажни услови во комплексот О’Руж и Радион.

Слична несреќа на Ф2 трка во Спа во 2019 година го одзеде животот на Антоан Хуберт, кој беше член на спортската академија на Рено заедно со  Жу, а Кинезот сугерираа дека тој дел од патеката повеќе не е безбеден во сегашниот формат.

Од моја страна, распоредот на патеката треба да се промени – изјави Жу.

Загубив пријател таму во 2019 година, Антоан, тоа е болно. Тоа е историско, иконично место, но изгубивме премногу животи во минатото.

Коментарите на Жу ги повторија и личности како Макс Верстапен, Ленс Строл, Пјер Гасли и Тото Волф, кои сите повикаа на промени по несреќата на Ван ‘т Хоф.

По смртта на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер на почетокот на сезоната во Ф1 во 1994 година, на неколку патеки беа инсталирани привремени шикани со цел да се забават болидите.

Спа беше едно таква патека која требаше да се промени, при што профилот на О’Руж беше значително изменет за да се намали брзината, а Жу предложи ова да биде идеален образец за иднината на патеката.

Видов неколку видеа од 1994 година, каде беше додадена бавна шикана – рече Жу.

Мислам дека тоа е вистинскиот пат напред, бидејќи трибините можат да се вратат назад, има доволно простор таму.

Престигнувањето е сè уште можно на следниот Кемел правецот со помош на повлекување, но при помали брзини, така што сè ќе биде поедноставно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ