Ф1 се откажува од уште една локација за Африканско ГП

Формула 1 ќе го отстрани и Зимбабве од списокот на потенцијални домаќини на Африканскo Гранд При.

Откако организаторите во Киалами во Јужна Африка не можеа да постигнат договор за трка со спортот во 2023 година од финансиски причини, вниманието беше свртено кон Зимбабве, бидејќи беше во тек проект за патека од 1,2 милијарди долари во близина на познатите водопади Викторија. Сепак, врховниот суд на земјата нареди изградбата да се запре поради приговорите на локалните жители.

Руската новинска агенција Тасс пренесе дека со проектот раководел конзорциум од Дубаи чиј закуп на 500 хектари земјиште бил поништен од судот. Судијата пресуди во корист на 100 локалци кои тврдеа дека се раселени од нивните предци.

Судијката Евангелиста Кабаса рече дека иако организаторите се оправдани во обидот да ги развијат локалните земји, начинот на кој тие се обиделе да го направат тоа бил незаконски.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ