Започна изградбата на патеката во Саудиска Арабија

Започна изградбата на патеката во вториот по големина град во Саудиска Арабјиа, Џеда, на која ќе се одржува Гранд При трката оваа тркачка сезона.

Минатата година се потпиша договор за учество на Саудиска Арабија на календарот на Формула 1. Големиот забавен и спортски комплекс на кој ќе има и Формула 1 патека започна со изградба и целосно треба да биде отворен во 2023 година. 

Минатиот месец организаторите објавија како ќе изгледа патеката во Џеда на која ќе има 27 свиоци и просечна брзина по круг ќе биде 250 кмч. 

Денес е историски момент за Саудиските и моторспорт фановите низ целиот свет со ставањето камен темелник на патеката Џеда. Ова е нова страница во историјата на кралството Саудиска Арабија и градот Џеда. Ќе изградиме патека која ќе биде различна во Формула 1 светот и која ќе се памети во наредните години – изјави принцот Калид Бин Султан Ал Абдула Ал Фаисал.  

Првата трка треба да се одржи на 5 Декември. Ова е целосно нова патека која ќе се најде на календарот по реновираниот Зандворт. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ