Зошто Рејсинг Поинт нема да ги менува сопирачките ?

Николас Томбазис, одговорниот за трките со отворени едноседи во ФИА, смета дека би било многу неразумно да се бара од Рејсинг Поинт да ги промени своите сопирачки, односно каналите за ладење на истите на својто РП20 болид за оваа сезона.

Стјуардите на ФИА направија сослушување на засегнатите страни на Силверстон во Среда, а денеска донесоа пресуда со која Рејсинг Поинт добиваат две опомени, мораат да платат 400 илјад иевра и им се одземаат 15 освоени поени. Во долгото објаснување за пресудата ФИА открива дек спорните канали за ладење на сопирачките не се согласно спортскиот правилник и се дизајнирани од Мерцедес.

врз база на одлуката од стјуардите, рејсинг поинт нема да имаат потреба да ги редизајнраат своите сопирачки. мислам дека имаме добра причина за тоа затоа што е неразумно да се очекува од нив да заборават се до сега и да дизајнираат нешто толку клучно “од нула“ затоа што тоа е претешко.

секогаш се почнува со некакво предзнаење или некакво очекување, во спротивно ситуацијата е нереална. би било многу тешко за нас да процениме али новиот дизајн е доволно различен од сегашниот – појасни томбазис.

Отмар Шафнауер, шефот на Рејсинг Поинт смета дека одлуакта на стјуардите е збунувачка, а нивниот дизајн е целосно легален затоа што крши спорткси правилник, а не техничка регулатива.

стјуардите проценија дека самиот протест не бил во ред, а не компонентите. првиот протест на штаерското гранд при им одзема поени и им носи финансиска казна. сметаа дека со санкцијата се

тие сметаат дека санкциите ги покриваат сите отворени проблеми во процесите и поради тоа не се доделуваат дополнителни казни на следните трки нешто што е прифатено и оправдано и само се дава опомена на рејсинг поинт.

затоа што казната е насочена кон првенството се одземаат не поените освоени на штаерското гранд при туку вкупно 15 на број и 400 илајди евра – појасни томбазис.

Инженерот целосно го разбира протестот на фабричакта екипа на Рено затоа што е свесен дека имало недоречености кај правилата.

мислам дека има области во процесите кон демонстрираат дека некои аспекти од правилата не се целосно јасни. тоа е голема дебата која не престанува. рено имаа право да протеситраат на ситуацијата за да ги заштитат трките.

Томбазис појасни дека префрлањето на одредени делови од позитивната листа на забранетата листа ги фатило “во од“ Рејсинг Поинт кои биле целосно транспарентни.

тие ги интерпретирале правилата како што сметале дека е во ред, но јасно е дека промена на статусот на спорниот дел од дозволен во забранет за размена помеѓу двете сезони создаде невообичаени услови кои требаше да се дефинираат и дообјаснат.

морам да кажам дека тие можеле самите да дизајнираат многу сличен дел доколку имале фотографии како и за остатокот од болидот. тоа е исто така земено во предвид.

Рејсинг Поинт имаат 24 часови да се жалат на одлукатра и во моментов прават проценка дали да го сторат тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ