Имола повторно ќе биде празна

Следното Гранд При во 2021 година ќе биде пред празни трибини, откри регионалниот претседател на Емилија Ромања, Стефано Боначини.

Минатата година, трката за замена од таканаречениот корона календар на Имола исто така се одржа зад затворени врати, а Боначини рече дека ситуацијата мора да остане иста и за 2021 година.

Гранд При-то на 18 Април ќе биде зад затворени врати, исто како и минатиот Ноември – го цитираат италијанските медиуми за време на посетата на една болница во Парма.

Имола се врати во календарот само минатата година, a годинава повторно стана дел од календарот за да ги надомести откажаните или одложените трки поради Ковид-19. Но, Боначини се надева дека Формула 1 ќе се врати на италијанското место во 2022 година со публика.

Се надевам дека ќе биде последен пат без публика. Тоа би значело дека конечно го победивме предизвикот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ