Имола отворена и за венчавки

Формула 1 фановите сега може да ја овековечат својата љубов венчајќи се на историската патека Имола. 

Автодромот Енцо и Дино Ферари сега може да се користи и за венчавки откако доби зелено светло од локалните политичари. Формула 1 фановите од целиот свет сега може да се венчаат на патеката и тоа по цена од 410 евра за локалци и 820 за нерезиденти. 

Имола е легендарна патека и долго беше на календарот во Формула и место на последната трка на Аиртон Сена во 1994 година кога тој го загуби животот. Годинава патеката на емилија Ромања ќе биде домаќин на трка на 21 Мај. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ