На Имола ќе се тестираат новите квалификации

Трката на Емилија Ромања во мај ќе биде првата на која ќе се проба новиот Формула 1 квалификациски формат. 

Како дел од напорите да се намали бројот на гумите кои се носат за трките, на два настани оваа сезона ќе се експериментира со нов квалификациски формат. Бројот на гумите ќе биде намален од 13 на 11 сетови и тоа ќе биде пропратено со нов пристап на квалификациите. 

Возачите имаат дозвола да бираат кои гуми ќе ги користат, но на овие две трки тоа ќе биде пропишано и нема да има слободен избор. Возачите ќе мора да возат со хард на К1, медиум на К2 и софт на К3. Доколку трките се мокри тогаш изборот е слободен. Возачите ќе имаат три сета хард и по четири медиум и софт.  Планот е да се имаат шест сета за квалификации и пет за трка и тренинзи. 

Првата трка ќе биде Емилија Ромања, додека втората ќе биде околу летната пауза за да им се даде време на тимовите и на Пирели да се направи анализа. Екипите кои нема да влезат во последниот квалификациски сегмент во теорија ќе имаат два сета повеќе софт гуми за трката и тоа може да им помогне. 

ФИА најави дека оваа недела ќе го објави тендерот за снабдувач за гуми за 2025, 2026 и 2027 година. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ