Имола казнета поради денот за снимање на Ред Бул

Автодромот Имола ќе мора да плати казна откако Ред Бул искористија ден за снимање со својот болид лани, а сензорите за детекција на загадување и бука биле алармирани.

Во Октомври тимот го донесе својот РБ9 од 2013 година на автодромот во Емилија Ромања, последниот болид со атмосферски мотор без турбина користен во Формула 1. Токму тоа беше пакетот кој на Себастијан Фетел и тимот им донесе 4ти последователен наслов, но токму тоа возење ќе го олесни автодромот за 500 евра поради прекумерна бука и загадување.

тестот на ред бул беше единствена прилика кога автодромот правеше бука лани затоа што секогаш претходно останувавме во лимитот и покрај секаквите активности. на 12 октовмри ред бул дојдоа со постар болид од актуелните и ограничувањето беше надминато само неколку кругови додека возеа – изјави елена пенаци, советник за туризам и јавни услуги на автодромот.

Патеката се врати во календарот во 2020 година откако повеќе од 10 години немаше Ф1 трки, а актуелниот договор ги обврзува да организираат уште вкупно 3 настани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ