Исола најавува: Болидите ќе бидат значително побрзи догодина

Марио Исола, шефот на Пирели моторспорт, најави дека тие ќе донесат само мали прилагоувања на своите гуми за следната сезона.

Големата промена на аеродинамичките правила донесоа огромни промени, а гумите од трдиционалните од 13 инчи, порснаа на 18 инчи што беше голем предизвик. Но, иако италијанскиот доставувач со гуми редовно беше критикуван во минатото за својот производ, оводогинешните пневматици се полн погодок.

новите гуми од 18 инчи ги задоволија сите поставени цели. ако земете во предвид дека ова е прва година со целосно нов производ од наша страна, јас сум повеќе од задоволен во врска со тоа како истиот се покажа затоа што има многу повеќе акција на патеката – изјави исола за германски Auto Motor und Sport.

Поради сето тоа, Пирели не планираат големи промени на својот производ и неговиот дизајн во иднина. Исола посочи дека главна цел е да се намали подуправувањето, да се додаде повеќе грип кај најтврдите компоненти и да се направи основната конструкција поиздржлива.

знаеме дека болидите следната година ќе бидат значително побрзи и поради тоа сакам поиздржлива конструкција на гумите.

Главен проблем за следната година ќе биде долгиот календар кој ќе донесе многу малку термини кои Пирели ќе може да ги искористат за тестиање.

ако календарот навистина се сведе на 24 трки, тогаш едвај ќе има простор за да тестираме со екипите пооделно, а ќе има и повеќе прекуокеански трки. во сето тоа патување ќе има многу мала можност за да нас да пробуваме нови прототип гуми и да работиме со нив и се надевам дека фиа ќе ни дозволи да одработуваме за време на петочните сесии каде работат и екипите како подготовка за трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ