Од Силверстон, Пирели со целосно нова конструкција на гумите

Пирели ќе донесе нова конструкција на гуми на сите останати трки, почнувајќи од Британското ГП овој викенд.

Шефот на Пирели, Марио Исола, сподели детали како ќе функционира новата конструкција на гуми во Формула 1 кога ќе бидат претставени на Големата Награда на Велика Британија овој викенд.

Како одговор на поголемото оптоварување од очекуваното во 2023, Пирели избра да донесе нова конструкција на пневматици во Силверстон, кои тимовите добија шанса да ги возат за време на тренинзите за ГН на Шпанија минатиот месец.

Со серија на патеки со големо странично оптоварување на гумите, како што се Силверстон, Спа и Зандворт, Пирели одлучи да променат некои работи, но Исола вели дека ништо друго не се променило во врска со гумата.

Големата награда на Велика Британија ќе го одбележи дебито на нова конструкција на гуми, користејќи материјали од нивното предвидено претставување следната година – објасни Исола.

Оваа промена во спецификациите беше неопходна поради зголемените перформанси на болидите забележани од почетокот на сезоната како во однос на целосната брзина, така и во однос на оптоварувањето, во споредба со податоците од симулатор што тимовите ги доставија до Пирели минатата зима и фактот дека овој тренд само ќе се зголемува како што продолжува првенството.

Работевме многу напорно на симулација во последните неколку години со цел не само да обезбедиме производ што ги исполнува целите за перформанси поставени од сите засегнати страни, туку и да имаме способност да ги предвидиме сите евентуални проблеми и да реагираме на нив навремено.

Новата спецификација и дава дополнителна отпорност на гумите од искористеност, но не влијае на ниту еден технички параметар или на нивното однесување на патеката.

Сите тимови веќе имаа можност да ја испробаат новата конструкција на пневматиците на Шпанското ГП, кога по два сета беа ставени на располагање на секој возач на слободниот тренинг.

Нивните коментари беа во согласност со нашите очекувања, особено кога станува збор за транспарентноста во однос на перформансите.

Новата спецификација исто така ни овозможува да го задржиме притисокот на предните и задните гуми во голема мера непроменети во споредба со минатата година, и покрај значителното зголемување на просечната носивост.

Соединенијата на гумите за трката се Ц1, Ц2 и Ц3, иако Ц1 е новото соединение на гума што се користи во текот на 2023 година, при што Пирели се одлучи за тврд опсег на гуми поради природата на патеката во Силверстон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ