И Жу на листата на возачи со казна во Белгија

Возачот на Алфа Ромео, Гуанју Жу, е уште еден возач кој ќе добие казна во пресрет на Гранд При трката во Белгија овој викенд.

Кинезот е седмиот возач кој ќе биде деградиран на гридот по квалификациите. Жу има вградени голем број нови компоненти на агрегатот во неговиот болид за оваа трка кои ја надминуваат квотата за сезоната.

Болидот на Гуанју доби четврти мотор со внатрешно согорување, турбо полнач и топлински МГУ-Х, како и трет уред за контрола на електроника и петти менувач.

Лидерот во шампионатот Макс Верстапен зеде нови компоненти пред последниот тренинг, како и Шарл Леклер од Ферари. Нивните казни беа официјално потврдени во петокот, а потоа и оние на Ландо Норис, Естебан Окон, Валтери Ботас и Мик Шумахер. Точниот редослед на болидите на стартот ќе се обликува по саботната квалификациска сесија на Спа-Франкошамп.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ