И покрај ГТ трките, Илот фокусиран на Ф1

Калум Илот смета дека ГТ трките секако се од голема корист за неговата кариера, но тој посветено работи и бара Формула 1 иднина за себе.

Британецот заврши како второпласиран минатата Формула 2 сезона, пред него беше само колегата од Академијата на Ферари, Мик Шумахер. Германецот напредуваше во Формула 1 со Хаас, додека Калум стана резерва во Ферари и во Алфа Ромео. Освен тоа, тој се трка и во ГТ тркачката серија со тимот на Ајрон Линкс, а дебитираше на Леман во ГТЕ АМ класата.

секаде каде што ќе се тркам е само повеќе искуство за мене. јасно е дека во моментов се тркам во ГТ, но мојот развој и цел е фокусирани на Формула 1. сеуште има шанса и сеуште се надевам на тоа.

се зависи од следните неколку години, но јасно е дека со програмата на хипер автоомбили на ле ман, гт искуство има голема смисла ако сакам да се тркам таму. годинава многу учам и се што учам е нешто многу понакво од тоа што го знам.

многу успешно се тркав во јуниорските серии каде е многу стресно затоа што секој викенд се борите за кариерата и животот. во гт е поопшутено и поинаку.

со брзината и перформансите кои ги имам имам одлична основа, но има многу работи кои треба да ги научам како менаџирање на гужвите и стилот на тркање. морам да се атаптирам, не дека немам иксутво, но ова е поинаку. ова искуство ќе ми години и само ќе го намали притисокот во иднина.

ќе соберам искуство во гт класите годинава, веројатно и следната и ако дојде до тоа да треба да возам хипер автомобили во иднина, ќе ми биде далеку полесно – објасни илот.

Тој ја опиша ситуацијата во која се наоѓа како интересна, а како опција за во иднина ја наведе и Индикар.

можам да одам и во америка и да се тркам на инди ако добијам можност за тоа, но секако дека формула 1 е пред се за мене. во интересна ситуација се наоѓам затоа што имам многу можности и различни патишта пред себе.

по мене, искуството е добредојдено каде и да е и нема подобар и поконкурентен шампионат во светот од гт. блиску сме до врвот, пред спа ми одеше одлично, но на спа не беше добро и не освоив поени. следува ле ман што е најконкурентната трка.

не смеам да се жалам од позицијата во која се наоѓам и успевам да завршам многу, многу повеќе одошто сметав на почетокот на годината. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ