И Хаас против учеството на Алонсо на тестот за малди возачи

И трета екипа се огласи против учеството на Фернандо Алонсо на тестот за мади возачи по крајот на сезоната и трката во Абу Даби.

Правилата велт дека екипите ќе може да тестираат со неискусни возачи со најмногу 2 Гранд При трки зад себе,  Сирил Абитебул откри дека екипите се против идејата и Нандо да се вклучи на тестот.

една екипа негодува на тоа, тоа е рејсинг поинт – изјави сирил на имола.

Со своја изјава против планот на Рено се јави и Андреас Сеидл, шефот на Мекларен.

не гледам како алонсо се вклупува во планот и правилото – се чуди германецот.

Сега и Гунтер Стаинер смета дека појавување на 39-годишниот двократен Формула 1 првак на еден таков тест е по малку чудно.

има правило кое вели дека тестот е за млади возачи, а сакаат да имаме 39-годишен двократен светски првак, а тестот е наменет за друго. не се совпаѓа.

ако абитебул го сака тоа, треба да добие дозвола од сите екипи, но ако некој не се согласи, нема љутење, тоа е тоа – изјави гунтер за дански Ekstra Bladet.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ