Калум Илот нема да вози во Формула 1 следната година

Конкурентот за титула во Формула 2, британецот Калум Илот, објави дека нема да се трка во Формула 1 следната сезона откако испуштил шанса за возачко место во врвната моторспорт тркачка серија.

22-годишниот Илот, дел од академијата за млади возачи на Ферари, моментално е второпласиран во поредокот пред финалето следниот викенд. Британскиот возач беше поврзан со можно место во Хаас и Алфа Ромео за 2021 поради нивната соработка со Ферари. 

Поради очекувањата Мик Шумахер да биде објавен во Хаас за 2021 година, Илот потврди дека тој нема да биде на Формула 1 гридот следната година.

Време е да откријам дека ми пренесоа дека нема да се тркам во Формула 1 во 2021 година. Очигледно, ова го знаев неколку недели. Разочаран сум, но ќе продолжам да работам напорно и се што можам за тоа да биде реалност во 2022 година. Сепак, останува да победам во првенството – најави илот.

Со тоа, Илот нема јасни планови за 2021 година. Доколку го престигне дефицитот од 14 поени кон Шумахер и ја освои титулата во Формула 2, тој нема да биде во можност да учествува во истата тркачка серија следната година. Илот има освоено 5 пол позиции и 3 победи до сега, но неговите шанси станаа се помали откако на втората трка во Недела имаше контакт со Јехан Дарувала по што падна на последните позиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ