Кампос не се откажуваат од влез во Ф1

Кампос, потенцијалниот нов Формула 1 тим сеуште се надева дека ќе го најде своето место на гриот во најпрестижната тркачка серија и покрај пандемијата од корона вирусот.

Шефот на Формула 2 екипата Кампос, Адриан Кампос и неговиот деловен партнер Салваторе Гандолфо, открија дека работат на проект за Формула 1 екипа.

Гандолфо, преку својот портпарол, Алберто Антонини откри дека сеуште се работи на Формула 1 проектот и негова реализација.

поради сегашната ситуација не е возможно да се планираат идните чекори – изјави антонини за Blick.

Следен чекор за проектот е да се одбере партнер од каде ќе се набавува мотор, а секако дека се чека на подобра дистрибуција на приходите со новиот Конкорд договор.

ако тимот добива по 70-80 милиони евра годишно од либерти медиа, тогаш јас треба да најдам уште 20 милиони за да добиеме буџет од 100 милиони. тоа е реален и интересен бизнис модел – вели гандолфо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ