Шпанска екипа се обидува да влезе во Ф1

Нова екипа поврзана со Кампос Рејсинг цели на влез во Формула 1 од 2021 година, а поранешниот штитеник на Мерцедес, Паскал Верлејн, се споменува како можен возач на екипата.

Сопственикот на Кампос Рејсинг кои имаат свои екипи во јуниорските серии, Адриан Кампос, заедно со својот партнер, Салваторе Гандолфо, сакаат да ја искористат големата промена на правилата од 2021 година, вклучително и ограничувањето на трошењето, за да внесат шпанска екипа во тркачката серија.

Новиот тим има намера да користи финансиска поддршка од компанијата Monaco Increase Management, компанија на Гандолфо, каде како Советник работи Даниеле Аудето, поранешен возач на Ферари, Ероус и Супер Агури. Кампос беа вклучени и во последниот шпански тим на гридот, Хиспаниа (ХРТ) каде го продадоа својот удел пред дебито на патеката во 2010 година.

Шпекулациите велат дека веќе се одржани состаноци со Чејс Кери и Зек Браун, додека Гандолфо откри дека ја има потребната финансиска стабилност која ја бара ФИА со цел екипата да биде успешен проект. Рос Баун уште во Август откри дека е изненаден од интереснот на нови екипи за влез во спортот согласно новите правила, а Panthera Team Asia е најчесто споменувана.

Но, Жан Тод, првиот човек на ФИА, за време на тркачкиот викенд во Сингапур откри дека Федерацијата немала ништо конкретно во однос на релевантни понуди за нови екипи и дека не постојат заинтересирани страни на нивото на американски Хаас.

со новото буџетско ограничување и дистрибуцијата на приходите како и новите целосно променети технички и спортски правила има можност за малите екипи да се тркаат во формула 1 поинтересен и побалансиран начин – смета гандолфо.

Искусниот аеродинамичар, Бен Вуд како и поранешниот главен дизајнер на Супер Агури, Питер Меккол се вели дека се веќе ангажирани во проектот. Меккол би требало да биде технички директор, а Вуд главен аеродинамичар.

Американците од Хаас влегоа во Формула 1 со голема техничка поддршка од Ферари, додека италијанците од Далара им ја изработуваат шасијата, но не се знае дали и новата екипа ќе оди на истиот принцип. Најголема веројатност имаат да обезбедат мотор од Рено поради фактот што французите од 2021 година ќе имаат само една екипа на гридот, фабричката.

Гандолфо оди до таму што веќе го именуваше Паскал Верлејн и шпанецот Алекс Палу за најсериозни кандидати за место во тимот.

Поранешниот возач на Манор и Заубер, штитеникот на Мерцедес Паскал Верлејн, е познат за Кампос затоа што во моментов се трка во Формула Е за Махиндра, која има поддршка од Кампос, а ја комбинира сезоната заедно со развојни должности во Ферари.

Палу имаше разнолика јуниорска кариера,а во моментов е на 3то место во јапонската Супер Формула во дебитанска сезона во која дојде и до победа.

Кампос Рејсинг е основан во 1997 година и сезонава има свои екипи во Формула 2 и Формула 3 сериите. Јуниорот на Рено, Џек Аиткин се бори за 3то место со екипата во Формула 2, а вториот болид наизменично го возат Дориан Боколачи и Марино Сато.

Некогаш шампионскиот ГП3 тим се мачи со преминот кон Формула 3 правилата, а сезонава за нив ја одработуваат Себастиан Фернандез, Алесио Деледа и Алекс Перони.

Јуниорските тимови ќе останат да работат без разлика на Формула 1 програмата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ