Почина легендарниот Адриан Кампос

Адриан Кампос, основчот и сопственик на Формула 2 и Формула 3 екипите Кампос Рејсинг и поранешен Формула 1 пилот почина на 60 години, објавија од неговата екипа утрово.

денеска е најтажниот ден во историјаа на кампос рејсинг, нашиот претседател и основач, адриан кампос сулер не напушти. неговото срце престана да чука, но спомен ќе биде неговото присуство кое не мотивираше да се бориме и на тој начин ќе го продолжиме неговото наследство и оставштина – објавија од кампос рејсинг.

Адриан беше третопласиран во Германската Формула 3 и мина една сезона во тогаш атрактивната Формула 3000 по што дојде до Формула 1 со Минарди во 1987 година, но финишираше само на една трка од 16 на колку што се појави со страшно неквалитетниот тогашен болид на тимот.

Следната година го напушти Формула 1 циркусот по тежок почеток на сезоната со истиот тим и стана многу успешен во Шпанскиот тјуринг шампионат освојувајќи ја титулата во 1994 година. Се повлече од тркањето и го основа својот Кампос Рејсинг во 1997 година.

Кампос бе први кои му дадоа отворен едносед на Фернандо Алонс во Еуро Опен на Нисан во 1999 година кога шпанецот имаше само 17 години и освои титула во дебитантската сезона брзо напредувајќи кон Формула 1.

Кампос Рејсинг стана дел од ГП2 гридот во 2005 година и ја освои тимската титула со Лукас ди Граси и Витали Петров во 2008 година пред екипата да биде продадена на сегашниот Формула Е Претседател, Алехандро Агаг, кој го преименува тимот во Аддакс.

Името на Кампос се врати во јуниорската тркачка серија во 2014 година паралелно со влезот и во ГП3, серии денеска познати како Формул 2 и Формула 3. Последна победа за нив беше во 2019 година кога славје им донесе сегашниот Вилијамсов резервист, Џек Аиткен во Формула 2.

Во пресрет на Формула 1 сезоната во 2010 година Кампос успешно ја доби лиценцата да се приклучи на Формула 1 гридот таа година заедно со Вирџин Рејсинг и Лотус, но кога буџетското ограничување неколку пати беше одложувано, екипата беше продадена и преименувана во Хиспаниа Рејсинг. Но, неговата амбиција не згасна и во 2019 година најави можност да се врати на гридот во 2021 година со ограничено трошење и нова техничка регулатива, а отиде до таму што најави дека Индикар возаот Алекс Палу ќе вози за него заедно со Паскал Верлејн, сегашен резервист во Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ