Квјат: Нема пречки да се вратам во Ф1

Русинот Даниил Квјат не гледа пречки за да се врати во Формула 1 и покрај проблемите за руските возачи поради инвазијата на Русија над Украина. 

Квјат имаше деби во Наскар на Индијанаполис, минатиот викенд беше гостин во Монца и сеуште е кандидат за место во Формула 1, но само доколку се надминат проблемите околу неговата националност. Тој треба да потпише обврска кон ФИА дека ќе се трка под неутрално знаме и нема да ја подржува Русија на било кој начин. Постои можност тој да се трка и под италијанска лиценца.

Квјат имаше 110 трки зад него како возач на ред Бул и Торо Росо и помина една година како резерва на Ферари и Алпин. 

Мислам дека никогаш не треба да се каже никогаш, Но во моментов не е идеално. Се надевам дека еден ден ќе зборуваме пак.

Сега сум во Наскар каде сум добредојден. Очекувам повеќе трки. Среќен сум што возам и ова е мој мал сон. Трпелив сум бидејќи кариерата во Наскар е доста долга. Сакам да видам колку ќе возам тука. Секако Формула 1 има посебно место во моето срце и знам дека Сеуште сум млад – посочи русинот.

Квјат смета дека треба да се надминат проблемите со националноста затоа што е свесен дека само така ќе може да се трка во европска серија. 

Јас сум отворен. Мислам дека Европа треба да даде зелено светло како Америка. Сеуште е тензично, но мислам дека има напредок.

Сите го имаат мојот број и може да ме побаат. Спремен сум за Формула 1 иако знам колку е потешко од Наскар. 

Квјат е менаџиран од Николас Тод кој е менаџер и на Шарл Леклер. 

Многу го ценам и поради тоа. Работа со него. Не му е лесно, но мислам дека ќе среди. Имам свои врски и тоа помага малку. Понекогаш работите во реалноста се подруги. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ