Квјат: Отстранувањето на руски спортисти не е фер

Поранешниот Формула 1 возач, Даниил Квјат, смета дека не е фер тоа што руските спортисти се соочени со забрани од спортските натпреварувања по инвазијата не неговата земја над Украина.

Меѓународниот Олимписки Комитет во Понеделник објави препорака до сите големи спортски федерации, руските спортисти да бидат исклучени од спортските натпреварувања. ФИА е признаен дел од МОК така што се решија за итен состанок на Светскиот Мотор Спорт Совет за да решат што ќе прават по препораката.

Можност е секако сите руски возачи од трките на ФИА да бидат отстранети, таак што Никита Мазепин би останал без Формула 1, а Даниил Квјат без ВЕЦ каде треба да вози годинава.

навистина се надевам на мирно решение на ситуацијата во украина и живот во мир. се надевам дека засегнатите страни ќе најдат решение, ќе седнат заедно и со почит и дијалог ќе ги решат несолгасувањата. ме плаши кога ќе видам две братски нации во конфликт.

не сакам воени дејствија затоа што војната јазагрозува иднината на човештвото, сакам моите деца да уживаат во прекрасен и мирен свет.

исто така сакам да им се обратам на сите спортски федерации низ светот, вклучително и мок, дека спортот не треба да се меша со политиката и отстранувањето на руските псортисти од спортските натпреварувања е нефер решение и оди во спротивност на тоа што спортот не учи, единство и мир.

кој друг ако не спортистите може да ги зближат нациите во вакви тешки времиња – напиша квајт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ