Квјат сака да се префрли во Наскар

Русинот Даниил Квјат размислува да се префрли во американски Наскар и ги разгледува своите опции следната година.

Дани го загуби местото на гридот на крајот на 2020 година и беше заменет од Јуки Тсунода во АлфаТаури. Од тогаш тој е резервен возач во Алпин и не се трка во други серии. 

Двајцата возачи на Хаас кои ги загубија местата, Роман Гросжан и Кевин Магнусен, заминаа во Америка да се тркаат во Индикар односно ИМСА.  Гунтер Стаинер, кој е поранешен нивни шеф, откри дека Квјат размислува да го направи истото. 

Многу возачи сакаат да пробаат да се префрлат во Индикар. ТОа е голем чекор за нив бидејќи сериите се различни и тешко е да се префрлиш во НАСКАР од Формула 1. Не е само возењето туку целиот систем.

Квјат ќе дојде во Мартинсвил. Сите ме прашуваат дали може да се пробаат. Даниил често доаѓа да ме прашува – откри стаинер.

Квјат е поврзан и со место во Формула Е од нареднта година во тимот Драгон покрај Серхио Сете Камара, но сепак шансите му се отворени во Европа и Америка бидејќи во моментов нема место во Ф1. 

Отворен сум за нови можности. Размислувам за Америка, но и за Европа. подготвен сум да пробам нови работи. Сакам да се тркам и ќе пробувам да се вратам во Формула 1. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ