Кери: Нема краен рок за финализирање на календарот

Формула 1 најверојатно нема да го финализира остатокот од календарот за 2020 година до крајот на Јуни бидејќи сака да избегне избрзани одлуки за презакажаните трки.

Откако првите 10 трки во годината беа откажани поради пандемијата од Корона вирусот, Формула 1 ги потврди првите осум трки за 2020 година. Сезоната ќе започне во Австрија со две трки во Јули, за вкупно 8 во период од 10 недели. Новиот календар се протега се до Италијанското Гранд При на 6 Септември, а датуми сеуште не се потврдени за трките во Азија, Америка и Средниот Исток.

Нема да дадеме краен рок во моментов. Поради променливата ситуација, краен рок само ќе создаде притисок кој не е потребен и реалистичен за ситуацијата, така што размислуваме за цели. Нашата цел е до крајот на Јуни не да го потврдиме остатокот од календарот, наместо да имаме целосен увид во случувањата.

Знаеме што сакаме да пробаме и да направиме. Имаме други опции ако нешто не се одвива според планот. Очекуваме дека е можно некои од трките сепак да не се одржат. Мислам дека имаме опции – изјави Чејс Кери.

Трките во Азербејџан, Русија, Јапонија, Виетнам, Кина, Америка, Мексико, Бразил, Бахреин и Абу Даби сеуште се очекува да бидат дел од новиот календар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ