Кери: Новите тимови не смее да се третираат како “второкласни граѓани“

Како што Формула 1 се обидува да го прошири гридот, Главниот извршен директор на спортот, Чејс Кери, вели дека спортот мора да избегне да ги третира новите екипи како “второкласни граѓани“.

Иако Формула 1 и ФИА направија обиди во скоро време да додадат 11та екипа на гридот, последна екипа која се приклучи беше Хаас во 2016 година. Имаше интерес и од други, како Кампос, но сепак ништо не се случи. Кери верува дека тоа е делумно поради тоа што наградниот фонд е насочен кон топ 10 екипите од последните 2 сезони. Поради тоа, Хаас не добија пари од наградниот фонд се до минатата година.

Ако влезете во спортот, треба навистина да бидете дел од спортот, а не второкласен граѓанин. Ако сте така третирани, тоа го уназадува спортот. Кога тимовите ќе одлучат да влезат, тие се решение да бидат дел од бизнисот, не само од одличен спорт.

Наградниот фонд во Ф1 ќе биде под ревизија пред 2021 година, а Кери е одлучен да се осигура дека Ф1 ќе стане “најздрав бизнис модел“ за сите тимови на гридот.

Повеќето луѓе со кои имам разговарано сакаат правила кои ќе овозможат основа за поздрав бизнис модел. Да има изедначено ниво, или тоа што тие го сметаат за изедначено ниво за дистрибуција на наградниот фонд, што ќе доведе до поодговорно трошење на пари, а не колку трошите. Сакаме сопственоста на екипа да има долгорочна вредност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ