Кери: Трка во Мајами за 5-10 години

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, смета дека трката во Мајами не е толку извесна и дека треба да минат 5-10 години за истата да се оствари. Плановите за трка околу Хард Рок Стадионот на Мајами Долфинс неколку пати беа ставени под знак прашалник од загриженото локално населени, така што целата организација беше забавена.

свесни сме дека за втора трка во америка ќе биде потребно повеќе време одошто се надевавме. фрустрирачки е поради тоа што инвестиравме многу време, но изгледа дека целата организација ќе биде многу сложена.

мораме да се помириме со фактот дека ќе ни треба 5-10 години пред да можеме да организираме трка во мајами. целта е да постои трка во следните 5-10 години од сега – смета кери.

Постои движење на чело со Советникот од Мајами Дејд областа, Барбара Џордан, која целосно не се согласува со Мајами Гранд При нешто за што Кери е свесен и знае дека мора да се надминат несогласувањата.

Роџер Пенске, човекот кој неодамна стана сопственик на легендарниот Индијанаполис автодром, неодамна ја покани Формула 1 со надеж дека трката ќе се врати на славниот Брикјард, но Чејс не е многу расположен за таа идеја.

го знам пенске и имав контакт со него пред да го купи индијанаполис, но не можам да откривам ништо повече. свесни сме за нивниот интерес затоа што таа патека е икона на моторспортот и дел од тројната круна со монако и ле ман, а тоа доволно говори за што се работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ