Кеј се приклучи на Алфа Ромео

Заубер потврдија дека Џејмс Кеј ќе се приклучи на тимот како технички директор.

Тој ќе биде технички директор на Алфа Ромео пред тимот да се преименува во Ауди.

Кеј ја напушти позиција технички директор во Мекларен во март и сега ќе работи на слична позиција во Алфа Ромео од септември. Ова е враќање за него во тимот откако претходно работеше во Заубер од 2010 до 2012 година. Подоцна работеше во Торо РОсо па премина во Мекларне.

Возбуден сум што се враќам во Хинвил да работам со староновите колеги и имам добри спомени од тука. Ќе го водам техничкиот дел на тимот во критичниот дел на историјата и не чека возбудлива историја. Не чека многу работа и сигурен сум дека сите во тимот ќе продолжат со работа во борбата за победи. Ќе треба време и многу труд но се ќе се исплати. Задоволен сум што Андреас ми верува и ме повика да работиме заедно.

Кеј ќе работи под Андреас Сеидл со кого работеше во Мекларен.

Задоволен сум што се враќа Џејмс дома во Хинвил и ќе ни помогне да ја обликуваме иднината на тимот. Работите многу се променети но секако тој има доста искуство и ќе работи со талентиран тим. Ова е клучен дел од патот кон Ауди. Ќе го води процесот на трансформација од технича страна и ќе ни помогне да одиме кон иднината. Би сакал да му се заблагодарам на Јан за работата која го направи Заубер тоа што е во моментов и да сме на шеста позиција кај конструкторите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ