Кими смета дека поените не се вистинска слика

Кими Раиконен смета дека освоените поени од страна на Алфа ромео сезонава не се вистинска слика за нивните перформанси оваа тркачка сезона.

Во моментов швајцарската екипа е на 7мо место кај конструкторите, а финецот Раиконен е причината за 31 поен од вкупно 32та кои се на контото на тимот сезонава.

искрено не очекував ништо во пресрет на оваа сезона. дојдов за да завршам работа најдобро што можам и знам и ако ги погледнете поени сега, изгледа дека не е добро. мислам дека поените не ја покажуваат вистинската слика за првиот дел од сезоната.

секако дека околу барселона не бевме онаму каде што сакавме да бидеме, бевме бавни, но се вративме брзо и се вративме силно – потсети финецот.

Сепак, искусниот возач смета дека тимот врши максимална работа со оглед на лимитите со кои се соочуваат.

се движиме во правилна насока, но како екипа имаме ограничувања, не сме како оние на чело од поредокот, го знаеме и го прифаќаме тоа. но, за тоа што сме тука сме одлични.

само сакаме да бидеме побрзи и колку што може понапред во поредокот, напредуваме со сигурни чекори, но знаеме дека е потребно време.

секогаш може подобро, не сме ги максимизирале поените, но тоа е што е – смета раиконен.

На контото на тимот не се прокнижени двојните поени од 7то и 8то место во Германија каде беа дисквалификувани поради работата на спојката на стартот, но ја обжалија одлуката со како што велат, силни докази.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ