Кинезите официјално побараа одложување на трката

Трката за Големата награда на Кина ќе биде втората одложена трка на календарот за 2021 година откако промотерот побара промена на датумот. 

Минатата година, трката во Шангај беше првата која беше откажана, а потоа следуваше откажување и на следните 12 насгани од календарот. 

Формула 1 оваа сезона објави календар со 23 трки, но веќе се планира одложување на првата трка во Австралија поради пандемијата. Има сомнеж дека и планираната трка во Кина од 11 Април ќе биде одложена и веќе се потврди дека официјално е планирано одложување. 

Во контакт сме со Формула 1. Календарот е поставен, но има голема несигурност за трката која треба да се одржи во април кај нас. Сакаме промена со која ќе организираме тркачки викенд во вториот дел од годината и формално поднесовме барање за тоа – велат од организацијата на настанот.

Одложувањеот на трката значи ослободување на место во Април, месец во кој веќе има едно слободно место на веќе откажаното Виетнамско Гранд При од 25 Април. Се верува дека Имола и Портимао ќе бидат повторно дел од календарот и ќе ги превземат овие термини. 

Според motorsport.com, моменталниот план е Портимао да се вози на 11 Април додека Имола две недели подоцна. 

Кина нема организирано интернационален спортски настан од почетокот на пандемијата и беа откажани Формула Е трката и пробни настани за зимската олимпијада. 

Префрлањето на организацијата на трката во вториот дел на годината зависи од планот на градските власти. Доколку организираме трка во вториот дел на годината, тоа ќе биде според капацитетот на градот. Да се организира ваков настан е потребно јавни ресурси како полиција и болници. Можно е да недостасуваат јавни ресурси. 

Во Кина има остри мерки против Ковид-19 и државата пријави ниски бројки на заболени и починати. Но, во последно време има два карантина во градови близу до Пекинг поради зголемување на заболените. Кина има задолжителен 14 дневен карантин за сите пристигнати од странство. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ