Колку чини Ф1 болид за цела сезона?

Сезоната во Формула 1 за 2019 година заврши, но тоа не значи дека нема интересна содржина која може да се сподели.

Со вас ќе споделиме колкави се трошоците на тимовите во текот на сезоната поради оштетени делови од страна на секој поединечен возач инволвиран во инциденти на патеката. Но пред тоа, да ве запознаеме со просечната вредност на деловите од кои е составен Формула 1 болидот во текот на една сезона.

Како најголем трошок за тимовите е секако агрегатната единица, чија вредност изнесува 9 милиони долари за една сезона. Монококот или просторот каде седи возачот е втора по сума ставка на листата и истата го чини еден тим 675,000 долари во една сезона, додека трет најскап дел на болидот е менувачката кутија, која чини 500,000 долари.

Севкупно, еден болид чини минимум нешто повеќе од 11 милиони долари, или 11,212,000. Во тоа не се вклучени сетовите на пневматици, како и сопирачките. Сумата секако се зголемува поради промена на одредени делови во листата.

  • Предно крило: $170,000
  • Предна суспензија: $125,000
  • Сет на пневматици: $2,000
  • Сет на сопирачки: $10,000
  • Странични крила: $93,000
  • Хало уред: $15,000
  • Монокок: $675,000
  • Управувач: $47,000
  • Страничен дел/отвор: $80,000
  • Агрегатна единица: $9,000,000
  • Под: $75,000
  • Менувачка кутија: $500,000
  • Задно крило: $75,000
  • Задна суспензија: $82,000
  • Дополнителна шасија: $275,000

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ