Колтон Херта во Андрети до крајот на 2027

ИндиКар ѕвездата, американецот Колтон Херта, ќе остане дел од Андрети до крајот на 2027 година, но тоа не значи крај на неговата Формула 1 амбиција.

Тој е седумкратен победник на трка откако во 2018 година стана дел од најпрестижната американска тркачка серија и актуелниот договор со Андрети му заршуваше на крајот на следната година, но взаемно се договорија да се продолжи соработката за дополнителни четири години.

Официјалната објава за останувањето на Колтон во тимот беше дополнета и со потврдата дека Геинбриџ, главниот спонзор на екипата, ќе остане целосно да го брендира неговиот болид број 26.

среќни сме што можеме да потврдиме дека колтон и геинбриџ ќе останат дел од андрети аутоспорт и во иднина. колтон е вистински огромен талент во болидот и има природна решителноста која му носи победи.

тој е силен тркач, многу е конкурентен и нетрпелив сум да видам што повеќе можат колтон и андрети заедно. горди сме што можеме да продолжиме да го претставуваме геинбриџ откако им подаривме пет победи со колтон од 2020 година.

на патеката и надвор од неа делиме иста посветеност да се тркаме на највисоко ниво и нетрпеливи сме да ја дочекаме следната победа во жолто-црните бои на геинбриџ – потврдија од тимот.

Неговиот долгорочен договор не става крај на надежите за Формула 1 на возачот затоа што Андрети сериозно притиска да добие дозвола за сопствена Фомула 1 екипа уште од 2024 година, иако, реално, не му оди многу лесно.

пресреќен сум и благодарен на сите во андреи и геинбриџ за тоа што го направија за мене. ова е огромен професионален чекор и пресреќен сум што може да бидам во врвна екипа како андрети. имаме огромени цели и многу работа пред нас, така што сум пресреќен со се што се случува – изјави Херта.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ