Конструкција и Краш тестови

Техничка Регулатива

Конструкцијата на Формула 1 болид и материјалите кои се користат се строго контролирани во правилникот за да се максимизира безбедноста.

Главната структура на болидот содржи безбедносна келија во која се сместени кокпитот, резервоарот за гориво, кој пак се наоѓа веднаш позади возачот.

Безбедносната келија мора да биде во согласност со минимални побарувања и мора да има структура пред себе која абсорбира удар. Дизајнот исто така мора да вклучува дополнителни структури за абсорбирање на удар во задниот дел, позади менувачката кутија и на страничните делови од болидот.

Двете страни на безбедносната келија имаат панели изработени од Зилон. Тие се протегаат од дното на шасијата до врвот на кокпитот и покрај главата на возачот.

Болидот мора да има 2 ролбара за заштита на возачот при превртување. Главниот ролбар мора да биде позади главата на возачот, додека вториот, сега познат како ХАЛО, го обиколува кокпитот.

Болидот и безбедносната келија мора да поминат низ неколку краш тестови пред да излезат на патека. Тие тестови се вршат според упатство на ФИА и во присуство на делегат на ФИА.

Предниот, страничниот и задниот тест за удар се фокусираат на безбедносната келија, која мора да остане неоштетена. Сета штета предизвикана на структурата мора да биде ограничена само на структурите за абсорбирање на удар, како страничните отвори, носот и слично.

Рамката за управување исто така мора да помине низ тест за удар, кој симулира ситуација во која главата на возачот удира во управувачот. Рамката мора да се деформира за да го абсорбира поголемиот дел од ударот, а справата за брзо откачување на управувачот не смее да биде оштетена.

Дополнително на тестовите за удар, безбедносната келија во која е сместен и возачот мора да помине низ статички тестови за тежина, за да се осигура дека ги исполнува минималните побарувања за сила.

Деловите кои се дел од статичките тестови се подот на резервоарот за гориво, подот на кокпитот, кокпитот и страниците, носот, страничните делови за удар и задните делови за удар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ